Украинците објавија снимка: „Ова се руски агенти, сакаа да го убијат Зеленски“

Точка

07/05/2024

21:49

4.972

Големина на фонт

а а а

Украинските разузнавачи велат дека разоткриле руски заговор кој имал за цел атентат на претседателот Володимир Зеленски. Украинската Служба за државна безбедност (СБУ) соопштила дека ги фатила руските агенти кои биле вработени во Украинската државна стража. Разузнавачите наведуваат дека руските агенти планирале убиство на претседателот и други високи владини службеници.

Шефот на СБУ Васил Малјук рекол дека неуспешниот атентат би требало да биде „подарок“ за Путин пред неговата денешна инаугурација.

СБУ на својот канал на Телеграм објави дека руски таен агент ги пренел координатите на безбедна куќа пред планираниот воздушен напад. Разузнавачите додале дека Русија планирала да ги уништи сите траги од дронот користен за гаѓање на претседателот.

„Непријателот активно развива планови за елиминација на претседателот Володимир Зеленски. Една од задачите на руската разузнавачка мрежа FSB е потрага по егзекутори меѓу војниците блиски до службите кои го штитат претседателот, кои би можеле да извршат атентат на шефот на државата“, објави СБУ.

„Планирале да ги убијат и шефовите на разузнавачките служби“

„Освен Володимир Зеленски, непријателот планирал да го елиминира шефот на Службата за безбедност на Украина Васил Малјук, шефот на воената разузнавачка служба на Украина Кирил Буданов и други високи службеници“, стои во објавата.

„Ограничен број на луѓе знаеја за нашата специјална операција, а јас лично го следев нејзиниот напредок. Терористичкиот напад, кој требаше да биде подарок за Путин пред инаугурацијата, всушност е неуспех на руските специјални служби“, рекол Малјук.

„Но, не смееме да заборавиме – непријателот е моќен и искусен, не смее да биде потценет. Ќе продолжиме да планираме и да ја работиме нашата работа за секој предавник да ја добие заслужената судска казна“, заклучил тој.

СБУ наведува дека при претрагата на просториите на уапсените руски агенти биле пронајдени релевантни средства за уништување и други докази за криминални активности.




Спонзорирани линкови

Маркетинг