Кога ќе помислиме на актери кои заработуваат најмногу пари, први на ум ни паѓаат Том Круз, Џулија Робертс, Тимоти Шаламе, Зендаја …
Меѓутоа, најбогатата актерка на светот веќе извесно време не е активна, но сепак и понатаму никој не успеал да го достигне нејзиното ниво на богатство.
Џејми Герц, можеби нејзиното име не им е познато на многумина, остварила улоги во филмовите и сериите како: „Endless Love“, „Crossroads“, „Jersey Girl“, „Twister“, „ER“, „Ally McBeal“, „Modern Family“, „The Neighbors“, „This Is Us“ и други.
Според веб-страницата „Celebrity Net Worth“, богатството на Џејми се проценува на осум милијарди долари. Иако многумина би претпоставиле дека таа се „омажила богато“, вистината е дека за време на нејзината венчавка со Тони таа била онаа која заработувала повеќе, а една година по венчавката тој заедно со пријатели започнал бизнис кој со текот на времето прилично му се исплатил.
Имено, Џејми и нејзиниот сопруг Тони Она се косопственици на NBA тимот „Atlanta Hawks“ и малцински сопственици на „Milwaukee Beavers“.
Во 2012 година, Џејми и нејзиниот сопруг биле прогласени за личности кои дале најмногу пари во добротворни цели. Истовремено, вложиле огромни пари во уметноста, образованието и здравството.
Иако актерката има неверојатно богатство и многумина не знаат за неа, во последните години таа станала позната како филантроп.