Овие намирници задолжително треба да се најдат на велигденската трпеза: Симболизираат здравје, напредок и благосостојба

Точка

04/05/2024

20:12

8.605

Големина на фонт

а а а

Пред Велигден секогаш се подготвува богата празнична трпеза. Најчесто се подготвуваат специјалитети по вкус на семејството, но постои храна која задолжително треба да се најде на масата тој ден затоа што носи посебна симболика.

Вапсаните јајца секако се на првото место и на сите тоа им е веќе познато, но тука се и намирниците за кои многумина не знаат дека за Велигден, според традицијата, се задолжителни.

Мед


Медот симболизира позитивни работи, особено поврзани со здравјето, но го поврзуваат и со мудроста, изобилството, па дури и со Божјите зборови. На велигденската трпеза медот треба да потсетува на апостолите кои како пчели ги ширеле Христовите зборови.

Јагнешко месо

Јагнешкото месо се поврзува со Исус кој, како што се верува, како жртвено јагне страдал за човештвото. Во некои краеви јагнешкото сепак не се служи на велигденската трпеза, но само кога датумот на празникот е пред Ѓурѓовден.

Погача


Како и за Божиќ, и за Велигден би требало да направите домашен леб, односно празнична погача. Лебот, според христијанството е поврзан со Исус, односно со неговото тело. Наместо да купите леб, изберете рецепт за некоја од најубавите велигденски погачи и надополнете ја трпезата со неа.

Вино

Претворањето на водата во вино е едно од Исусовите чуда на кое треба да се потсетите на Велигден. Виното на трпезата ќе ви помогне во тоа. Лозата е симбол на следбениците на Исус, а виното е задолжително и после литургијата и ја симболизира Исусовата крв.

Рен


Ренот ги симболизира тешкотиите и лутото патење низ кое Исус поминал. Во народот ренот се поврзува со одбраната од сите негативни работи и се смета за исклучително здрав поради што задолжително треба да се најде на велигденската трпеза.




Спонзорирани линкови

Маркетинг