Американската актерка Кристин Дејвис, најпозната по улогата на Шарлот Јорк во серијата „Сексот и градот“, по емитувањето на новите епизоди од култната серија се соочи со бројни критики за нејзиниот изглед.
Имено, многу гледачи и обожаватели на серијата тогаш пишуваа дека симпатичната актерка целосно се изобличила со филери и естетски корекции.
Меѓутоа, Кристин сега објави фотографија на која е во своето природно издание. Актерката позирала без шминка на лицето и со разбушавена коса.
„Прекрасна си“, „Нејзиното лице е прекрасно без шминка, таа е многу убава жена“, „Се чини дека се вратила на природниот изглед и одлично ѝ прилега“, се некои на коментарите на фотографијата.
Актерката претходно за „The Telegraph“ отворено проговори за естетските зафати. Таа рече дека со години се подложувала на третмани за убавина.
„Почнав да користам ботокс, а потоа почнав со филери. Некогаш тоа ќе излезеше добро, понекогаш не. Плачев поради грдите коментари. Најмногу ми пречи тоа што поради грешките се обвинуваат и исмеваат луѓето кои сакале да се разубават, а не докторите кои лошо ја завршиле работата“, рече тогаш Кристин.