Ако сакате да бидете креативни и да ги изненадите вашите гости со необично предјадење, испробајте ги овие школки од лиснато тесто. Тие се едноставни за подготовка и не ви се потребни многу состојки за нив.
Интересните школки со „бисер“ можете да ги направите со помош на топка крем-сирење или мини моцарела.
- едно пакување лиснато тесто
- жолчка
- 1 лажица млеко
- топчиња моцарела или крем-сирење
- фил по желба
Расукајте го лиснатото тесто и со чаша вадете крукчиња. На едниот крај од крукчињата малку преклопете го тестото и со нож направете линии по должината. Потоа премачкајте со жолчка која претходно ќе ја изматите со малку млеко и печете на температура од 180 степени додека тестото не зарумени.
Кога пецивото ќе се излади, пресечете го на половина и наполнете го со фил по желба. Можете да користите туна, зелена салата, кисели краставички и мајонез како на видеото или да смислите сопствена варијанта.
На крајот во секое пециво додајте топка крем-сирење или моцарела.