Се сеќавате на Ема од „Friends“? Вака денес изгледа ќерката на Рос и Рејчел која во серијата беше бебе

Точка

04/05/2024

16:32

7.740

Големина на фонт

а а а

Бебето Ема беше ќерка на Рос (Дејвид Швимер) и Рејчел (Џенифер Анистон) во серијата „Friends“. Сепак, многумина не знаат дека всушност се работи за две девојчиња близначки.

Ема ја играа сестрите близначки Ноел и Кали Шелдон. Многумина се изненадени кога ќе сфатат колку време поминало и дека Ноел и Ками денес имаат 22 години.


По завршувањето на емитувањето на „Friends“, многумина повеќе не слушнаа за нив, но тие продолжија да се појавуваат во серии и кратки филмови. Активни се на социјалните мрежи и често споделуваат фотографии, а обожуваат да патуваат. Сестрите сè уште глумат, а неодамна дипломираа на Универзитетот во Калифорнија.


Ситкомот „Friends“ е една од најпопуларните серии на сите времиња, а ги следи животите на шест ликови: Рејчел (Џенифер Анистон), Моника (Кортни Кокс), Фиби (Лиза Кудроу), Џои (Мет Лебланк), Чендлер (Метју Пери) и Рос (Дејвид Швимер), кои сакаат да ги остварат своите соништа во големиот град Њујорк и спонтано да станат пријатели за цел живот.


Рејчел сака да се занимава со мода, Моника сонува за кариера како готвач, Џои се труди да стане познат актер, Рос е палеонтолог кој не може да најде среќа во љубовта, Фиби навистина имала тежок живот, но тоа не ја спречува да биде една од најпозитивните личности во серијата, а Чендлер работи во голема корпорација и има саркастичен поглед на светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг