Пејачката која има 40 години помладо момче признала зошто се забавува со помлади: „Мажите на мои години...“

Точка

03/05/2024

13:34

14.314

Големина на фонт

а а а

Една од најголемите легенди на поп културата, веќе одредено време ужива во романсата со децении помладите мажи, а сега објаснила поради што постарите мажи не се нејзин избор во љубовта.

Славната американска пејачка Шер, веќе одредено време привлекува внимание со својата нова љубов, врската со 40 години помладото момче.

Шер, која месецов полни 78 години веќе одредено време го љуби раперот Александер Едвардс (38) со којшто накратко раскинала пред извесно време, а се шпекулирало и дека се верени.


Парот е неразделен во последните месеци, а не им било непознато ниту да се впуштат во страстите во јавноста и на црвениот тепих.

И додека поради тоа што познатите мажи во години се венчаат со децении помлади жени, Шер постојано се сретнува со негативни коментари поради разликата во годините со нејзиното момче.

Музичката легенда сега гостувала во емисијата на Џенифер Хадсон со која зборувала за своите преференции во љубовта и истакнала дека со помладите мажи се гледа затоа што е прилично срамежлива.


„Причината поради која се согласувам со помлади мажи е таа што мажите на мои години, сега се веќе мртви, но претходно секогаш се плашеа да ми пријдат. Но, помладите мажи сакаат повозрасни жени“, заклучила славната пејачка.

„Тие се храбри“, заклучила Џенифер, со што Шер се согласила.


Таа во истиот разговор се присетила и како ѝ се додворувал „кралот на рок музиката“ Елвис Присли којшто го одбила поради тоа што била нервозна поради неговата репутација и ги познавала луѓето кои биле во негово опкружување

Шер зад себе има два брака, со Сони Боно од 1964 до 1975 година и со Грег Олман од 1975 до 1970 година.


Гласините дека е во врска со Едвардс се појавиле во септември 2022 година кога се запознале на Модната недела во Париз, а пејачката подоцна ја признала романсата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг