Европската земја во која се живее најдолго, сега е јасно и зошто

Точка

09/05/2024

14:16

7.606

Големина на фонт

а а а

Во една медитеранска земја луѓето живеат во просек 84 години, покажуваат најновите податоци на „Евростат“.

Во Шпанија луѓето живеат во просек 84 години, така што оваа медитеранска земја има највисока очекувана животна старосна граница меѓу 27-те земји на Европската унија.


Аналитичарите сметаат дека тоа се должи на медитеранската исхрана богата со овошје, зеленчук, риба и маслиново масло. Исто така и поради бројните сончеви денови и пријатната клима, благодарение на кои жителите поминуваат повеќе време на отворено, занимавајќи се со физички активности.

„Во медитеранските земји многу се грижиме за нашиот социјален живот, па затоа излегуваме повеќе од луѓето во нордиските земји, кои нè надминуваат во однос на БДП по глава на жител“, вели Мануел Ангвита, претседател на Шпанското здружение на кардиолози.


Италија, каде луѓето живеат во просек 83,8 години и Малта, со очекуван животен век од 83, 6 години, се наоѓаат на второто и третото место.

Во Хрватска, медитеранска и средноевропска земја, луѓето живеат под тој просек, односно 78,8 години.

Помала старосна граница има во Полска, Словачка, Литванија, Унгарија, Романија и Латвија, а на врвот меѓу овие земји е Бугарија, каде животот во просек трае 75, 8 години.


Аналитичарите сметаат дека на повисоката старосна граница на Шпанците влијае и фактот што пијат помалку тешки алкохолни пијалаци, тоа што имаат солидно јавно здравство, немале војни со децении, како и тоа дека нивната политика се стреми да го намали бројот на сообраќајните несреќи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг