Радев по победата на ВМРО-ДПМНЕ: Многу наскоро ќе стане јасно дали Македонија сака да оди во Европа

Макфакс

09/05/2024

10:43

2.037

Големина на фонт

а а а

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје.

Како што пренесе БТА, тој ова го изјави откако заедно со бугарската потпретседателка Илијана Јотова положија цвеќе пред споменикот на Непознатиот воин по повод 9 мај.

„Многу брзо ќе стане јасно дали таа земја сака да оди кон Европа. Мојот став во однос на Република Северна Македонија секогаш бил отворен и конзистентен, како што беше со претседателите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски, така ќе биде и со Гордана Силјановска“, изјави Радев.


„Секогаш сум ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, но во согласност со принципите на добрососедство и, пред сѐ, Копенхашките критериуми за членство. А тоа би значело промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари“, вели Радев.

Како што додаде, во изборната кампања се разгорел говор на омраза, кој треба да запре, а натаму е неопходна е ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг