[ВИДЕО] „Телото би се развлекло како шпагета“: NASA објави симулација од можеби најболната смрт – што ќе се случи доколку паднете во црна дупка?

Точка

09/05/2024

11:42

4.897

Големина на фонт

а а а

Се смета дека да се биде вовлечен во црна дупка е една од најболната смрт која може да се замисли.

Како и секој друг објект којшто ќе влезе во црната дупка и човекот би бил насилно развлечен како шпагета во процесот којшто астрофизичарите го нарекуваат „шпагетизирање“.

Неверојатната анимација на NASA прикажува што човекот би видел во последните моменти доколку би се нашол во таква ситуација, пренесува „Daily Mail“.

Видеото настанало со помош на суперкомпјутерот на NASA „Discover“ во центарот за климатски симулации.

„Оваа нова визуализација го прикажува сценариото во кое камерите го преминуваат хоризонтот на настани и ги исфрлаат понатаму. Крајната цел е супермасивната црна дупка со маса 4,3 милиони поголема од Сонцето, што е еквивалентно на црната дупка која се наоѓа во средиштето на Млечниот пат“, изјавиле од вселенската агенција.

Видеото започнува со приближување на камерата во празнината, се појавува портокалов жежок диск на гас којшто кружи околу црната дупка и е нејзин главен извор на светлина.

Дискот создава материјал којшто емитува енергија додека тоне во црната дупка, без оглед на тоа дали станува збор за гас, прашина или материјал.

Исто така може да се види и потенка фотонска сфера, потенок прстен на светлина којшто се формира поблиску во хоризонтот на црната дупка. Поимот хоризонт на настани е точката на која ниту светлината не може да ѝ побегне.

Хоризонтот настан на симулираната црна дупка се протега на околу 25 милиони километри, односно на околу 17 отсто оддалеченост од Земјата до Сонцето. После објавата на видеото, корисниците на социјалните мрежи истото го опишале како „импресивно“.

Според NASA, видеото во прво лице кое го дава хипотетичката камера значително е заврзано и успева да постигне 60 отсто од брзината на светлината. Видеото го покажува она што астронаутот би го видел доколку би можел да дојде до црната дупка, што во овој момент би било невозможно.

Хавиер Калмет, професор по физика на Универзитетот во Сасекс изјавил дека гравитациската сила на црната дупка би станала толку силна што би се доживеало „шпагетизација“.


„Телото би се развлекло во облик сличен на тестенините сѐ додека гравитациската сила не би го распарчила“, изјавил Калмет.

Тој додал дека искуството сигурно не би било удобно, меѓутоа од друга страна прилично брзо би се случило, па болката не би траела долго.

Д-р Давид Л. Клементс, виш предавач на одделението за физика во Лондон, изјавил дека шансите Земјата некогаш да биде проголтана од црна дупка се речиси еднакви на нула.

„Фактот дека сѐ уште сме тука покажува дека ова не се случило во текот на целата историја на Земјата. Значи, шансите се помали од една во 4,5 милијарди години, а веројатно и многу помали“, заклучил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг