
TOCKA.COM.MK
Точка (www.tocka.com.mk) е забавен портал кој одлично функционира на Македонскиот интернет веб простор од 17 Јули 2005 година. Денес содржините на Точка ги читаат повеќе од 45.000 различни посетители на ден, приближно околу 1.350.000 посетители месечно. Со оваа бројка на посетеност Точка се рангира помеѓу најпосетуваните веб страници во Македонија.
Содржините на Точка се најчесто од забавен и едукативен карактер што значи дека нашата страница е посетувана од различни типови на луѓе, кои се занимаваат со најразлични професии и се на различни возрасти.
На Точка - забавно информативниот портал можат да се сретнат содржини од типот на: шоу бизнисот, филмот, компјутерските новости, музички новости, науката, автомобилизмот, занимливости, зафрканции, интересни мали игрички, видео клипови, мода и убавина, здравје, интересни галерии, секси слики, итн.
Како интересни сервиси со кои може да се пофали овој забавен портал е сервисот за испорака на подароци (www.giftshop.com.mk) кој постои уште пред почетокот на Точка. Преку продавницата за подароци може да се испорачуваат подароци од било кое место во светот до секоја валидна адреса во Македонија. Плаќањето се одвива со сите типови на кредитни картички.
Доколку сте заинтересирани за рекламирање на Точка, контактирајте ја нашата маркетинг служба.
Телефон: 02/30-60-089
|