Бојан Јовановски денеска во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“ во кој како првообвинет беше осуден на казна затвор од девет години. Оваа одредба, како што појасни тој, ја користи врз основа на прибавување на нови докази.