Заврши првото полуфинале на Евровизија, еве кои држави се пласираа во финалето

Точка

07/05/2024

23:44

11.338

Големина на фонт

а а а

Вечерва се одржа првото полуфинале од Евровизија 2024-та година – Србија, Хрватска и Словенија се пласираа во финалето.

Вечерва се одржа 68-то издание на Изборот на песна за Евровизија во Малме, Шведска. Државата домаќин направи одлично шоу, како за присутните, така и за оние пред малите екрани.

За изборот за најдобра песна во Европа се натпреваруваат претставници од 37 држави, а нивните настапи се поделени во две полуфиналиња.

Во првото полуфинале настапуваа: полуфинале настапија 15 земји кои се бореа за своето место во финалето: Кипар, Литванија, Ирска, Украина, Полска, Хрватска, Исланд, Србија, Словенија, Финска, Молдавија, Азербејџан, Австралија, Португалија и Луксембург.

Сепак, во финале успеаја да влезат само 10 земји, меѓу кои Србија, Португалија, Словенија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Хрватска, Ирска и Луксембург.

Според обложувалниците, фаворит за победа на годинашното издание на Евровизија е Хрватска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг