Ши слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв

Макфакс

07/05/2024

22:30

3.141

Големина на фонт

а а а

Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Ши Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.

Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.

Домаќин на претседателот Ши Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

За време на дводневната посета на Ши Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.

Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.

Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг