[ВИДЕО] Жена открила зошто нејзиниот мачор постојано сака да излегува во дворот, причината ги топи срцата

Точка

07/05/2024

21:39

5.166

Големина на фонт

а а а

Во неодамнешната објава, корисничката на ТикТок Алена споделила видео од својот мачор Ози, кој ја чека својата пријателка во дворот.

Алена прво се загрижила кога видела дека во нејзиниот двор влегла непозната мачка, но набрзо сфатила за што станува збор. Нејзиниот мачор конечно одлучил да ја запознае својата пријателка со остатокот од семејството.


„Сега знам зошто сака постојано да излегува надвор“, напишала сопственичката на Ози. „Добро е што е кастриран“.

„Мислам дека понекогаш забораваме дека и животните можат да се заљубат“, „Ова е најслаткото нешто досега! Тие буквално имале состанок. Супер ми е како се прегрнуваат и бакнуваат“, „Мојата портокалова мачка има пријател кој живее од другата страна на улицата. Навечер тие седат заедно и го гледаат небото пред да заспијат“, „Младата љубов е најубава. Време е да ја запознаеш девојката и да ѝ го дадеш својот благослов“, гласат дел од коментарите под снимката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг