Челси заинтересиран за Јан Облак

Макфакс

07/05/2024

15:47

1.338

Големина на фонт

а а а

Челси е заинтересиран за Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Словенија, пренесуваат шпанските медиуми.

Облак (31) е член на Атлетико од 2014 година, а има договор со „јорганџиите“ до 30 јуни 2028 година.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико би можел да го продаде словенечкиот репрезентативец во летниот преоден рок за да обезбеди пари за трансфери на нови играчи.

„Трансфермаркт“ истакнува дека Облак вреди околу 30 милиони евра. Словенецот бранел за Атлетико на 442 официјални натпревари. За репрезентацијата на Словенија, со која ќе настапи на ЕУРО 2024 иа одиграно 64 натпревари.

Шпанските медиуми истакнуваат дека Челси е во потрага по нов голман, иако лондонскиот клуб ги има на располагање Ѓорѓе Петровиќ, Роберто Санчез и Маркус Бетинели, како и Капа Аризабалага, кој моментално е на позајмица во Реал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг