[ВИДЕО/ФОТО] Госпоѓа Вера имала посебно место на инаугурацијата на Путин, а еве зошто е толку важна за претседателот: „Верувам дека Владимир и овојпат добро ќе се снајде“

Точка

07/05/2024

15:00

2.152

Големина на фонт

а а а

На инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин, која во вторникот се одржа во Кремљ, присуствувала и една за него посебнo драга гостинка.

Вера Гуревич, која има 91 година, му била класна наставничка на Путин од петто до осмо одделение во училиште во тогашниот Ленинград. Таа наведува дека дошла лично да му честита на својот ученик.

„Верувам дека и овојпат добро ќе се снајде. Сигурна сум дека ќе успее“, изјавила Вера, која е инаку редовен гостин на приемите во Кремљ.

Во 1958 година, Гуревич дипломирала на германскиот отсек на Факултетот за странски јазици на Ленинградскиот педагошки институт А.И. Херцен и оттогаш работела како наставник по германски јазик во училиштето број 193 во Џержинскиот округ во Ленинград.

Таа напишала и мемоари за училишните години на претседателот.


Претседателските избори во Русија се одржаа од 15-ти до 17-ти март и според нивните резултати актуелниот претседател Владимир Путин добил 87,28 отсто од гласовите.

Путин ќе ја извршува највисоката избрана функција до 2030 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг