Вкупно 90 компании, чии акции котираат на Македонската берза, досега доставија неревидирани годишни финансиски извештаи кои ја отсликуваат нивната финансиска кондиција во 2023 и во 2022 година. Податоците покажуваат дека банкарскиот, фармацевтскиот, телекомуникацискиот и градежниот сектор ја завршија минатата година со најголеми добивки и важат се најуспешни компании во земјава.
Но, според растот на профитабилноста, сликата е доста шарена и покажува дека многу помали компании успеале во 2023 година да постигнат вистински бум во однос на профитите, чиј раст се мери со над 1.000%!
Пари направи анализа на билансот на успех на 90 компании, кои согласно правилата за котација на Македонската берза преку СЕИ-НЕТ ги објавија своите неревидирани неконсолидирани финансиски извештаи за 2023 година.
Банкарскиот сектор ги зафаќа првите три позиции. На чело е Комерцијална банка со остварена добивка од 3,6 милијарди денари. Втора е Стопанска банка АД Скопје со вкупна добивка од 3,5 милијарди денари, а на третото место е НЛБ банка со вкупен профит во 2023 година од 3,2 милијарди денари.
После банките следува Македонски телеком со остварена добивка од 2,1 милијарда денари. На петтата позиција е Алкалоид со профит од 1,52 милијарди денари, а веднаш зад него е Цементарница Усје со за нијанса помала добивка, која изнесува 1,51 милијарда долари. И со неа завршува „клубот на милијардери“.
Рангирање на компании според висина на добивка во 2023 година
Ранк 2023 Ранк 2022 Компанија Добивка 2023 (во денари)
1 3 Комерцијална банка АД Скопје 3,581,433,000
2 2 Стопанска банка АД Скопје 3,469,601,000
3 1 НЛБ банка АД Скопје 3,216,860,000
4 4 Македонски телеком АД Скопје 2,080,351,000
5 5 Алкалоид АД Скопје 1,520,547,000
6 8 Цементарница УСЈЕ АД Скопје 1,509,491,000
7 6 Макпетрол АД Скопје 935,716,000
8 9 Мермерен комбинат АД Прилеп 843,234,000
9 33 ЗК Пелагонија АД Битола 504,088,000
10 11 УНИ банка АД Скопје 476,510,000
11 15 Гранит АД Скопје 436,776,000
12 7 Макстил АД Скопје 355,552,000
13 12 ВВ Тиквеш АД Кавадарци 275,030,000
14 13 ОИЛКО КДА Скопје 238,303,000
15 10 ОКТА АД Скопје 191,502,000
16 20 Прилепска пиварница АД Прилеп 166,635,000
17 16 Тутунски комбинат АД Прилеп 164,864,000
18 23 Реплек АД Скопје 158,328,000
19 17 Пекабеско АД Кадино 145,998,000
20 18 Фершпед АД Скопје 124,103,000
21 22 ТТК банка АД Скопје 105,203,000
22 37 Македонија турист АД Скопје 96,394,000
23 21 Тетекс АД Тетово 94,215,000
24 39 Витаминка АД Прилеп 87,647,000
25 25 Струмичко поле АД Василево 68,649,000
26 73 Интерпромет АД Тетово 59,820,000
27 34 Централна кооперативна банка 54,494,000
28 19 Скопски пазар АД Скопје 52,521,000
29 35 Фустеларко Борец АД Битола 49,957,000
30 31 Триглав осигурување АД Скопје 47,280,153
31 28 БИМ АД Свети Николе 43,688,000
32 26 СН Осигурителен брокер АД Битола 43,584,000
33 36 Грозд АД Струмица 42,504,000
34 41 Фабрика Карпош АД Скопје 39,820,000
35 44 Адинг АД Скопје 39,749,000
36 32 Македонија Осигурување АД Скопје 37,106,467
37 81 Раде Кончар апаратна техника АД Скопје 36,158,000
38 30 Европа АД Скопје 33,479,000
39 43 Оранжерии Хамзали АД Струмица 29,500,000
40 54 Хотели Метропол АД Скопје 26,831,000
41 45 Аутомакедонија АД Скопје 26,635,000
42 29 ДС Смитх АД Скопје 25,895,000
43 58 РЖ Техничка контрола АД Скопје 25,659,000
44 83 Жито лукс АД Скопје 24,829,000
45 24 Современ дом АД Прилеп 21,786,000
46 27 Фруктал мак АД Скопје 20,193,000
47 47 Дебарски бањи – Цапа АД Дебар 17,969,000
48 64 Нова стоковна куќа АД Струмица 15,939,000
49 53 Ангропромет Тиквешанка АД Кавадарци 11,913,000
50 48 Силекс АД Кратово 11,581,000
51 14 Макошпед АД Скопје 11,050,000
52 46 Пелистерка АД Скопје 10,490,000
53 55 Транскоп АД Битола 6,816,000
54 66 Ветекс АД Велес 6,604,000
55 40 Кристал 1923 АД Велес 5,742,000
56 56 МЗТ Пумпи АД Скопје 5,257,000
57 52 Лотарија на Македонија АД Скопје 4,874,000
58 51 Рудници Бањани АД Скопје 4,494,000
59 59 ГД Тиквеш АД Кавадарци 2,362,000
60 63 Неметали Огражден АД Струмица 2,286,000
61 82 Технокомерц АД Скопје 2,223,000
62 57 Макпромет АД Штип 1,591,000
63 61 Попова кула АД Демир Капија 1,291,000
64 62 Сигурносно стакло АД Прилеп 989,000
65 74 РЖ Економика АД Скопје 640,000
66 67 Кланица со ладилник АД Струмица 528,000
67 69 Жито Караорман АД Кичево 397,000
68 68 Димко Митрев АД Велес 188,000
69 71 Стокопромет АД Скопје 106,000
70 70 Факом АД Скопје 70,000
71 75 ЖАС АД Скопје -41,000
72 77 Агромеханика АД Скопје -180,000
73 76 Макотекс АД Скопје -201,000
74 78 Герас Цунев конфекција АД Струмица -1,327,000
75 42 Уготур АД Скопје -1,380,000
76 65 Славеј АД Скопје -1,600,000
77 60 РЖ Интер Трансшпед АД Скопје -1,988,000
78 79 Герас Цунев трговија АД Струмица -2,072,000
79 80 Трготекстил малопродажба АД Скопје -2,793,000
80 86 Интернешенелс хотелс АД Скопје -3,049,000
81 84 РЖ Услуги АД Скопје -11,173,000
82 50 Мода АД Свети Николе -18,950,000
83 85 ТЕАЛ АД Тетово -20,727,000
84 49 Жито Полог АД Тетово -21,934,000
85 87 ГТЦ АД Скопје -28,180,000
86 72 Единство АД Струмица -87,299,000
87 88 ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово -88,704,000
88 38 Стопанска банка АД Битола -189,818,000
89 89 Вабтек МЗТ АД Скопје -200,511,000
90 90 Либерти АД Скопје -857,877,000
*Извор: Македонска берза АД Скопје
Следуваат 57 компании чии профити се мерат во милиони денари. Предводник е Макпетрол со добивка од 935,7 милиони денари. Следуваат Мермерен комбинат АД Прилеп, ЗК Пелагонија АД Битола, УНИ банка, Гранит, Макстил, Винарска визба Тиквеш, Оилко, Окта, Прилепска пиварница, Тутунски комбинат Прилеп, Реплек, Пекабеско, Фершпед и ТТК банка, чија добивка во минатата година е над 100 милиони денари.
На оваа листа има и 20 компании кои минатата година ја завршиле со загуба. Меѓу нив се и Интернешнелс хотелс АД Скопје, РЖ Услуги, ГТЦ АД Скопје, ФЗЦ 11 Октомври Куманово…
Интересно е дека рангирањето на профитите остварени во 2022 година дава поразличен распоред. Тогаш првото место и припаѓа на НЛБ банка со добивка од 2,43 милијарди денари, втора била Стопанска банка Скопје со 2,37 милијарди денари, а трета Комерцијална банка со 2,1 милијарда денари. По банките, повторно се Македонски телеком и Алкалоид, а тука е и Макпетрол.
Целиот текст прочитајте го тука.