[ВИДЕО] Боки 13 го прекина поткастот кај Лазаров откако му јавија дека има полиција во домот на неговите родители: „Пријавен сум од Кичеец“

Точка

06/05/2024

23:38

35.941

Големина на фонт

а а а

Вечерва со почеток од 20 часот започна да се емитува второто гостување на Бојан Јовановски-Боки 13 кај јутјуберот Стефан Лазаров.

Во еден момент Боки 13 мораше да го напушти студиото, а поткастот мораше да биде прекинат, откако му јавија дека има полиција во домот кај неговите родители.

Откако се врати Јовановски соопшти дека бил пријавен од Зоран Милески-Кичеец, за загрозување на сигурноста.

– Се слушнав со мајка ми, видно вознемирена, во два наврати доаѓало полиција во мојот дом во Тафталиџе. Ме бараат на информативен разговор. Пријавен сум по член 144 од КЗ, тоа е загрозување на безбедност. Моите информации велат дека Зоран Милески-Кичеец ме пријавил дека јас сум му ја загрозил безбедноста со тоа што сум споменал јавно и сум објавил дека тој стои позади заканите и дека тој е човекот што сакаше да ме замолчи, рече Боки 13.



Спонзорирани линкови

Маркетинг