[ФОТО] Длабоко деколте и голи нозе: Џенифер Лопез во фустан на дизајнерка од Косово ги украде погледите

Точка

06/05/2024

20:22

8.022

Големина на фонт

а а а

Мет Гала 2024 година ќе ја има темата со наслов „Заспани убавици: Повторно будење на модата“.

Светот на познатите личности во Њујорк се подготвува за најпрестижниот моден настан, а на Мет гала забавата, Џенифер Лопез заблескала во фустан на дизајнерка од Косово.


Секоја година, првиот понеделник во мај се одржува Мет Гала, престижниот моден настан којшто не смее да се пропушти.

Се одредува и тема за изложбата, а тоа е и кодекс на облекување на гостите.

Воочи овогодишниот моден спектакл во њујоршки Метрополитен, свечената вечера ја организирала Ана Винтур, а на неа пристигнала и Џенифер Лопез во издание кое долго ќе се памети.


Во црн фустан со длабоко деколте кој ги истакнал нејзините облини, Џенифер изгледала спектакуларно и ја покажала една од најгламурозните, а сепак најелегантни верзии на црн фустан.

Од сомот, со висок прорез којшто ги откривал нозете, фустанот бил украсен со сјајни детали.

Впечатливиот модел чиј дизајн го потпишува Диана Керими, дизајнерка од Косово, се издвоил со необично обликуваното деколте и пердуви прицврстени за сјајните апликации.


Славната пејачка и актерка стајлингот го надополнила со црни, отворени сандали на висока потпетица и црна чанта, а косата ја врзала.

Ви се допаѓа ли овој стајлинг на Џенифер Лопез?




Спонзорирани линкови

Маркетинг