[ФОТО] Кога претставникот на Финска за Евровизија се појавил, сите биле изненадени – ваков стајлинг сѐ уште никој не видел...

Точка

06/05/2024

19:04

6.354

Големина на фонт

а а а

На тиркизниот тепих, на којшто се претставиле учесниците на овогодишната Евровизија која ќе се одржи во Малме, официјално ја започна евровизиската недела.

Претставникот на Финска, Windows95man, со вистинско име Тим Кеистер, повторно го привлекол вниманието.

Тој кога се појавил на тиркизниот тепих носел маица со лого на Microsoft Windows 95 и фармерки.


Меѓутоа, најинтересниот дел од неговиот аутфит била тексас јакната во облик на јајце од кое тој излегол, а членовите од неговиот тим му помогнале во тоа.


Windows95man ќе се натпреварува во првото полуфинале со песната „No Rules“.


На тиркизниот тепих прошетала и претставничката на Србија Теа Дора, непосредни пред Бејби Лазања, како и бројни други учесници на Евровизија како Марина Сати од Грција, Калин од Австрија, претставниците на Азербејџан, Норвешка, Белгија и други земји.




Спонзорирани линкови

Маркетинг