Голем пожар избувна во кат од куќа, во близина на Универзалната сала, на улицата „Костурски херои“ со „Борка Талевски“, во центарот на Скопје.
На терен е пристигнато едно возило на противпожарните служби, кое едвај се пробило до опожарениот стан, низ тесните улици во опкружувањето кои веќе подолг период се претворени во градилишта и се голема безбедносна пречка при вакви и слични ситуации и го отежнуваат навремениот пристап.
Пожар зад Универзална сала pic.twitter.com/zx0ffS9O5O
— Oliver Noveski 🎗 (@olivermk) April 26, 2024
Од МВР информираа дека пожарот и пријавен во 11:42 часот.
Командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски информира дека при гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарни со пет противпожарни возила, а во пожарот што веќе е згаснат нема повредени.